За една тажна реалност, за една тажна вистина, за едно тажно секојдневие, кое самите си го создаваме а можеме така лесно да го промениме

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 октомври, 2018 19:01

Не постои преголема љубов кон децата, туку преголем страв да не бидеш сакан

Фото/Текст извор: ©семесинапово.мк

Кога се граба за играчка во градинка, доаѓаат мама и тато и викаат малку на воспитувачката и на другарчето, она туѓото, она лошото, кое му ја расипува играта на своето дете. Бидејќи нивното е златно кое со гордост го гледаат.

Кога ќе се степа со другарче во улилиште, доаѓаат тато и мама, се закануваат на тој што треба, уценуваат, само златото да им биде како што треба дуи и  ако е виновно или тоа започнало или ги загрозува другите. Ги има и тоа сите права како сите деца. И понатаму го гледате со гордост во своите очи.

Кога ќе почне да бега од часови во средно, да ги пцуе професорите и насилнички да ги третира другарите, доаѓаат тато и мама да им објасната на сите дека е во чувствителни години, дека никој не го разбира и дека не е виновен што сите го предизвикуваат. Гордоста одамна ја заборавиле, но мама и тато не се уморни, само тие не се откажуваат и така треба и да биде.

Кога едвај ќе го заврши средното, мама и тато го запишуваат на приватен факултет, бидејќи кој видел леб од државниот, а и зошто да се мачи детето кога ќе го постигне истото со помалку труд. Не сакаат мама и тато да признаат дека од своето галениче пропуштиле да направат човек, не сакаат да видат дека нема ни знаење ни волја за било што. Не, се уште има надеж.

Сега веќе на големо го зема татиниот автомовил без прашање, зошто веќе на 15 започна да излегува без да каже каде. Има преку 20 сообраќајни прекршоци, но тато има другар во полицијата и тоа го заташкува.

Што и да правиш млад е, сите сме биле млади и сме правеле глупости. Пие аклохол, пуши, тој е луд, тој е брз и сите сакаат да бидат со него бидејќи е многу кул.

И тука се трагите од кочењето, некоја кривина која како досега да не била тука, тука е висок и болка. Тука е смртта.

И беше добар, фин дечко од улица, никогаш не правел проблеми, примерен ученик и добар другар.

За покојникот се зборува се најдоброто посебно ако е млад.

Многу ми е мака. Зошто лажете? Зар не мислите на сите тие дека кои повторно пијани ќе седнат зад волан? Зар не мислите дека е доста толку покривање. Сега е готово. Тој е мртов. И сега треба да почне. Сега треба да се каже, да се вика на цел глас дека тоа така не може и не треба.

Тинејџери во мини (Фото Архива Гугл)

Каде сте родители? Не се осудувам да чепкам во вашата болка, но зошто плачете сега? Како сте возволиле вашата ќерка да биде ѕвезда во кафана на 15 години? Зошто не ја прашате каде оди толку разголена навечер кога утре се оди на училиште? Зошто дозволувате синот да ја вози вашата кола а туку што положил и не трепкате кога ќе стисне на гасот јако? Зошто сега плачете?

Децата обожаваат дебили кои со ништо друго не заслужиле да бидат познати освен што се дена на наведените. Децата сакаат да бидат како нив. Пијат додека се онесвестат, се нафаќаа на понижување и кал само да не бидат отфрлени. На што сте ги научиле? Па вие ги испраќате во кафеаните и им велите убаво да си поминат.

Фино друптво, примерни деца, а во друштвото дилери и неконтролирани богаташки деца кои целиот свој идентитет го засновале врз парите од своите родители. Тоа ли го сакате за своите деца? Таму ги праќате и се гордеете дека го “сакаат животот”? Седат и пијат во туѓи сепариња. Дали се свесни што прават самите?

И само се чека слика на популарните сајтови, бидејки ако таму ви излезе слика од ноќниот провод – тогаш сте некој. Сите се слатки и малку напиени. И после не се знае од каде тепалчки и убиства.

И тогаш не знаеме како умрел 16 годишник на морот за кој неговите родители и поима немаат. Како шест млади паднале во реката иа пред тоа пееле на глас и се зезале, Вие само лајкувајте слики на ФБ и аплаудирајте како вашето дете добива популарснот висејки по ноќните клубови.

И после тоа молк. И лага. Една за друга. Да оправдаме, да избришеме ако може. И никој не е виновен, никој така не сакал и се ставаме под тепих.

Пак доаѓа викенд да се шокираме од глетки на удрените автомобили, со жртви и пак преку солзи си кажуваме како биле примерни деца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...