Владејачкото мнозинство без опозицијата со 68 гласа за го распиша референдумот за промена на името

Објавил: admin@magazin | 30 јули, 2018 18:50

Николовски: Уставното име на Македонија мора да биде зачувано

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во изјава за Канал 5 истакна дека референдумското прашање мора да биде едноставно и единствено мора да се однесува на договорот со Грција.

Доколку прашањето е едноставно, Николовски напоменува дека апсолутното мнозинство од македонскиот народ и македонските граѓани ќе гласаат против договорот со Грција.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ иронично вели дека владата на СДСМ ќе добиеше подобар договор доколку воопшто не преговараше со Грција.

Референдумското прашање мора да биде едноставно, а тоа е дали граѓаните се за или против договорот со Грција. Значи мора да има едноставно прашање. Доколку прашањето е едноставно и не збунувачко, апсолутно мнозинство од македонскиот народ и македонските граѓани ќе гласаат против договорот со Грција и договорот нема да биде прифатен. И соодветно на тоа владата ќе треба да си ги сноси последиците, затоа што направија еден катастрофален договор. Јас сум кажал и претходно, да не преговараа со Грција само да побараа да им дадат договор ќе им даде подобар договор од овој кој што во моментов го имаат. Така што тоа ќе е една фактичка ситуација на пораз на оваа капитулантска политика на Владата и тоа ќе е јасна порака од страна на граѓаните во која насока треба да се движи државата, вели Николовски и додава:

Сметам дека Македонија има и човечки потенцијал и капацитет, а исто така и голем број експерти по меѓународно право и меѓународни односи кои што можат на другата на грчката страна да и го презентираат сето тоа и да ја натераат да ги прифати тие аргументи, а апсолутно не се согласувам дека е само од наш интерес е да се постигне договор , исто така и од нивни интерес е да се постигне договор. ВМРО-ДПМНЕ во оној момент кога ќе добие шанса да ја води државата ќе направи се да го промени овој штетен договор и да ги заштити националните интереси и на Македонците како народ и на Република Македонија. Уставното име на Македонија мора да биде зачувано“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.