Ларис Гајсер на својот ФБ профил за објавата во весникот „Лаверита“напиша „ Ексклузивна Македонија!! “ по што вели видеото е само еден дел од она што го поседува за корупцијата на судскиот систем во земјава.

Објавил: Перо Милчин | 8 август, 2019 16:56

Италијанскиот новинар утре повторно ќе шокира: “Најавувaм нова сторија, приказната ќе ви стане појасна”

Фото/Текст извор: ©сител

Нови детали за случајот „ Рекет “ утре ќе бидат објавени во италијанскиот весник Лаверита.

По видео и аудио снимата , следи ново продолжение по што се ќе биде појасно изјави за Сител авторот на статијата Ларис Гајсер.

Стапивме во контакт со Гајсер во обид да дознаеме повеќе за тоа од каде ја добил снимката и какви други детали поседува за случајот „ Рекет“. Гајсер не открива со што ќе ја шокира публиката и ни најави екслузивна изјава откако ќе ја заврши сторијата.

„ Уште утре следува нова сторија и се ќе биде појасно. Откако ќе ја завршам сторијата, целосно ќе ви бидам на располагање во следните денови. Благодарам на разбирањето. Ваш Ларис.“

Ларис Гајсер на својот ФБ профил за објавата во весникот „Лаверита“напиша „ Ексклузивна Македонија!! “ по што вели видеото е само еден дел од она што го поседува за корупцијата на судскиот систем во земјава.

Екслузивата тој ја најавил вчера попладне со фотографија на која пишува „ Writing Balkan’s history…new “thunderstorms” on the horizon „ Се пишува историја на Балканот… нови „ громови “ на хоризонтот.

Ларис Гаисер објави статија со видео и аудио сника во миланскиот весник на кое се гледа како осомничените Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец земаат пари од бизнисменот Јордан Камчев.

Авторот на текстот во италијанскиот весник Лаверита потекнува од Птуј Словенија и е геополитички аналитичар кој дипломирал на правниот факултет во Верона а специјализирал на Политехничкиот Универзитет Англија во Велика Британија и во ОН.
Магистрирал меѓународни односи во дипломатија на Институт во Милано. Ларис Гаисер е менаџер и економски консултант. Неговата ориентација е реал политиката и е поборник на демократијата како средство за регулирање на меѓународните односи во модерните времиња.

Бил советник во словенечкото МНР, раководел со финансиите на Евро медитеранскиот универзитет ЕМУНИ а во 2015 бил избран во претседателството на Паневропсската унија во Стразбур.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.