Ваквата изјава вчера предизвика лавина од негативни коменари. Цела македонска јавност побара извинување од премиерот до новинарите и до ЛГБТ заедницата.

Објавил: Весна Петровска | 14 август, 2019 11:45

Огнен Јанески: Многу педерски премиере, многу педерски!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

-Секако нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата еден педер да ја симнат оваа Влада од власт, не. Ќе се бориме до крај. Затоа што секој кој е инволвиран ќе си носи одговорност, изјави премиерот Зоран Заев.

Огнен Јаневски се огласи на ФБ

Ваквата изјава вчера предизвика лавина од негативни коменари. Цела македонска јавност побара извинување од премиерот до новинарите и до ЛГБТ заедницата.

Поранешниот главен и одговорен уредник на телевизијата „24“, Огнен Јанески на социјалните мрежи реагира на последната изјава на премиерот Зоран Заев во која вели дека нема да дозволи еден суетен новинар и еден „педер“ да го симнат од власт.

„Криминалци, еден суетен новинар, и да те извини ЛГБТ-заедницата, и еден “педер”? Оооо… Боже Господе! Страхотно!

Многу педерски премиере, многу педерски. Ајде сега, зградата на Владата во боите на виножитото да ја обоите, сосе јавно извинување и потпишано со пенкало на суетен новинар, „час поскоро”.

P.S. А замисли, да беше Ром, или Албанец, или со некаков физички недостаток или со попреченост, на местото на Боки?, напиша Јанески.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.