Победата над фашизмот се одбележува и прославува во голем број држави низ светот.

Објавил: Перо Милчин | 9 мај, 2019 8:01

Одбележување на 9 Мај – Ден на победа над фашизмот и Ден на Европа!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска во дворот на Владата пред споменикот на Ослободителите на Скопје, ќе биде одбележан 9-ти Мај – Ден на победа над фашизмот и Ден на Европа.

За денеска се најавени се обраќања на претседателот на Владата, Зоран Заев, претседателот на главниот одбор на Сојузот на борците од НОБ, Никола Стојаноски и потпретседателот на главниот одбор на Сојузот на борците од НОБ, Борко Зафировски.

Македонија ќе го одбележи денот со дефиле на единиците на АРМ во касарната Илинден, панел дискусија и свечена академија во МНТ.

Централната манифестација во светот по повод победата над фашизмот ќе се одвива во Москва каде на Црвениот плоштад ќе прошетаат припадници на руската армија и ветерани од Втората светска војна.Поминаа 72 години од историската победа над фашистичка Германија.

Втората светска војна, најкрвавата војна на човештвото, избувна откако Нацистичка Германија изврши инвазија врз Полска на 1 септември, 1939 година.

На 22 јуни 1941 година, Германија го нападна Советскиот Сојуз. Војната заврши на 9 мај, 1945 година. Безусловна капитулација на Третиот Рајх била потпишана во разрушениот Берлин, неколку минути по полноќ.

Капитулацијата била потпишана од фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург. Од страна на сојузниците договорот го потпишаа рускиот маршал Георги Жуков и британскиот генерал Артур Тедер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.