Шабан Шаулиќ рано утрово погина во тешка сообраќајна несреќа во Германија. Ќе биде запаметен во јавноста како еден од најценетите и најдобрите пејачи на Балканот.

Објавил: admin@magazin | 17 февруари, 2019 17:19

Од срамежливо дете до крал на народната музика !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Шабан Шаулиќ беше српски пејач и крал на народната музика. Денеска трагично настрада во сообраќајна несреќа во 67 година од животот.Во текот на неговата богата кариера во медиумите и од јавноста го добил прекарот „крал на народната музика.

Шабан и неговата сестра живееле скромно затоа што нивните родители биле сиромашни. Неговиот татко продавал литургија, а неговата мајка играчки. Покрај музиката Шабан бил талентиран и за спорт. Тренирал фудбал во Мечава, а имал и повик да игра во бугарскиот клуб Левски. Исто така Шабан тренирал и бокс па бил сигурен дека ќе постане фудбалер или боксер.

Првата плоча на легендарниот музичар Шабан Шаулиќ 1970 година, кога во тоа време служел во Македонската армија, поточно во Градот Битола.

Меѓутоа неговиот чичко Алија сметал дека повеќе пари може да заработи од музика. Еднаш го викнал во кафена во кој се забавувал со друштво. Кога почнал да пее Шаулиќ ја наполнил цела кафена и во наредните денови тој продолжил да пее и да доаѓа во кафаната.

За брзо време станал познат и на 18 години се преселил во Белград и како дете од провинција тоа му паднало многу тешко. Луѓето слушнале за него, но никој не знаел како изгледал. Бил срамежлив и повлечен а на девојките ретко им се додворувал.

Неговиот прв албум излезе во 1969 г. кога имал осумнаесет години после стигнувањето во Белград, а отприлика тогаш служел воен рок во Југословенската народна армија во Битола.

Во повеќе наврати Шаулиќ спомнуваше дека има многу пријатели од Македонија и дека најубавите години во војска ги поминал во Битола.

Македонскиот народ е музикален народ, не постои Македонец што не пее убаво, изјавуваше повеќе пати кога беше член на жирито во звездите на гранд.

Шабан Шаулиќ заедно со своето семејство. Со својата сопруга Гордана има три деца — Санела, Илдуза и Михајло.

До 1976 г., авторот на неговите песни бил Буца Јовановиќ, а од таа година сите свои песни ги пишувал лично.

Неговата жена се вика Гордана за која тој има напишано и издадено хит-песна во албумот Кафанска ноћ (1985) наречена „Гордана“. Тој со неа поминал многу години од својот живот, еден период биле разведени само 20 дена, но поради големата љубов што ја чуствувале тие остана сепак заедно.  Шаулиќ бил еден од најпродаваните пејачи во СФРЈ. Тој исто така има снимано песни на македонски, како римејкот на класичната „Зајди, зајди“.

Шаулиќ живееше и работеше во Белград. Неговите омилени забави беа рибарење, во својата викендица во Крчедин, и фудбал.
Со својата сопруга Гордана има три деца — Санела, Илдуза и Михајло. Илда е исто така пејачка на новокомпонирана народна музика.Кума на Шабан Шаулиќ е познатата пејачка Зорица Брунцлик.

Шабан Шаулиќ рано утрово загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија. Ќе биде запаметен во јавноста како еден од најценетите и најдобрите пејачи на Балканот и пошироко.

IN MEMORIAM: 1951-2019 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Семејството покрај ковчегот, граѓаните се простуваат од Михајловиќ

Голем број граѓани на Рим од утрово чекаат пред римската општина Кампидољо, за да му...

Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна!

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започна во ТВ Студио Б, работеше на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години беше уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк.

Погребана Ксенија Вучиќ: Српскиот претседател во придружба на своите деца пристигна на Ново Гробје

Новинарката и екс сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе биде...

Како што наведе Вучиќевиќ, Ксенија починала на рацете од својот син. Најверојатно се работи за проблеми со срцето!

ПОЧИНА НА РАЦЕТЕ ОД СВОЈОТ СИН: Откриена причината за смртта на Ксенија Вучиќ

Новинарката и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ...