Најдолгото и најсодржајното културно лето во Македонија со финансиска енигма

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 јули, 2018 8:05

Општина Битола крие кој и колку пари добил за Бит Фест 2018

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Општина Битола го има најдолгото и најсодржајното културно лето во Македонија. Претходно самиот настан го менуваше името низ годините се до воспоставувањето на актуелното од страна на претходниот градоначалник кој го именуваше како Бит Фест во 2005 година.

И промената на силите во локалната власт и изборот на нов градоначалник на Битола оценија дека настанот не треба да има политичка конотација па името не се промени иако тоа беше најавено. Ова лето Бит Фест трае од 21 јуни до 28 август или 5 дена повеќе од критикуваните изданија низ годините.

Она што за прв пат се случува е прокламираното но не и манифестирано транспарентно работење. Па во Битола ни еснафот ни советниците не знаат кој е составот на комисијата која ги бираше настаните и уметниците од разни сфери кои настапуваат – но ни кој колку пари зел за учество на Бит Фест 2018 и кои биле критериумите.

Тоа беше и јавно поставено како прашање на последната седница на Советот на општина Битола од советничката од “Поинаку” – Габриела Илиевска која побара Општина Битола јавно да достави увид во финансиската конструкција – Барање кое беше одбиено.

Најголем критичар на нетранспарентното работење со Бит Фест беше актуелната градоначалника Петровска која го критикуваше претходниот градоначалник Талески за низа нерегуларности и која посочи дека Бит Фест низ сите три мандати на Талески само за 2017 година склучил договори во износ од 220.000 евра од кои исплатени биле 180.000 а за наплата останале 39.000 евра но стои и фактот дека Бит Фест 2018 година од Министерството за култура доби финансиска поддршка од 2 милиони денари или 32.000 евра иако општината побарала 4 милиони денари.

Реално веќе кон средината на Бит Фест 2018 година сеуште никој не знае кој го селектираше содржинскиот дел и кој учесник колку пари добил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија