Вардар вчера повторно ја освои титулата и стана првак во Европа. Ова е втор пат од три години како Вардар ја освојува титулата и носи колективна радост во нашата земја.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јуни, 2019 15:27

Откако ги критикуваа МТВ реши да врши пренос од пристигнувањето на Вардар во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вечерва МТВ, ќе го пренесува пречекот на македонските ракометни шампиони, дирекно во живо од пристигнувањето на аеродромот во Скопје, ексклузивно пренесува СПОРТ М.

Вардар вчера повторно ја освои титулата и стана првак во Европа. Ова е втор пат од три години како Вардар ја освојува титулата и носи колективна радост во нашата земја.

Вечерва повторно вардарските ракометари ќе бидат пречекани од своите фанови како вистински шампиони

Како што пишува порталот од МРТ за SPORTM.mk ја потврдиле информацијата за директниот пренос, кој ќе стартува вечерва со слетувањето на чартер летот на аеродромот „Скопје“.

Инаку фановите ќе имаат можност денеска во 18:30 часот да ги пречекаат ракометарите, кои тогаш слетуваат на аеродромот а во 19:30 или 20ч на Плоштад Македонија е закажан пречек од страна на Град Скопје, од каде за ракометарите беше обезбеден чартер лет за кој од буџетот ќе бидат одвоени 39.500 евра.

За дочекот на ракометарите ќе бидат ангажирани три двокатни автобуси на ЈСП Скопје, еден панорамски и два затворени, со кои ракометарите ќе се возат од аеродромот до плоштад.

Инаку изминатиот викенд кон МРТ беа упатени многу негативни коментари, поради тоа што немаше директен пренос од натпреварите помеѓу Вардар -Барселона и вчерашниот решавачки натпревар Вардар- Вестпрем.

Во изјава за офф.нет беше соопштено дека МТВ нема да пренесува ниту фудбал, ниту ракомет во ЛШ.

Во ситуација кога Македонија остана без претставник во женска конкуренција, а машките клубови се во надолна линија, дури и со реална неизвесност околу нивната перспектива во ЛШ, условите за склучување нов двегодишен договор со ЕХФ Маркетинг (а не да се договара сезона по сезона) беа премногу неповолни од финансиски аспект, рече тогаш за „Офф.нет“ уредникот на спортската редакција на МРТ Драган Николовски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...