петок, 3 мај 2024

MK/ EN/ DE



Според Пановски пикот на заразата допрва доаѓа. Вели новодијагностицираните пациенти се последица на непочитување на мерките во одделни скопски населби и додава оти држава која не може да си ја контролира целата територија не може да се справи ниту со епидемија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јуни, 2020 19:13

Пановски: Држава која не може да ја контролира целата територија не може да се справи со епидемија

Фото/Текст извор: ©КУРИР.МК

Откако вчера на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледаат колони од возила кои се упатуваат кон излезот на Скопје, па микробиологот доктор Никола Пановски  рече дека природно е луѓето да бегаат од жариштата со корона вирус. Вели опасност да се прошири вирусот нема само под услов да се почитуваат строгите правила – носење маски и социјална дистанца.

Според Пановски во Македонија сега следува вториот бран на коронавирусот!

Ако се по викендички и ако не одат по гости, нема апсолутно никаква опасност да ја рашират болеста, ако не одат по ресторани и почитуваат мерки. Мислам дека во Охрид не работат хотелите, не работат приватни сместувања, отидоа тие што имаат станови таму. Се надевам дека не одат по гости кај пријатели, тоа не би било добро“, вели доктор Пановски.

Според Пановски пикот на заразата допрва доаѓа. Вели новодијагностицираните пациенти се последица на непочитување на мерките во одделни скопски населби и додава оти држава која не може да си ја контролира целата територија не може да се справи ниту со епидемија.

Не смееше да се случи олеснување на мерките, ниту целосно укинување на полицискиот час. Тој требаше да си остане барем од 22 до 5 часот. Ова сега е последица на непочитување на мерките во одделни скопски населби. Држава која не може да си ја контролира целата територија не може да се справи со епидемија, додава тој.

На социјалните мрежи лавина реакции по последните одлуки на владата за селективен полициски час. Професорот по кривично право Гордан Калајџиев преку социјалните мрежи побара оставка од министерот за здравство Венко Филипче и од Комисијата за заразни болести.

Нов состав на Комисијата побара и докторот по општа медицина Ненад Лазаров, кој смета дека таа треба да работа во функција на здравјето, а не во интерес на политиката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.