Српскиот патријарх Иринеј е позитивен на коронавирус. Како што е наведено на веб-страницата на СПЦ, патријархот бил хоспитализиран без симптоми и во одлична општа состојба. Тој е во ковид-болницата во Белград.
Патријархот на Српската православна црква, Иринеј е позитивен на коронавирус, пренесуваат српските медиуми.
Како дел од редовната постапка за тестирање и по епидемиолошка проценка, беше извршен PCR-тест на САРС КОВ2, кој потврди дека Патријархот Иринеј е позитивен без симптоми и во одлична општа состојба“, се вели во соопштението при што се додава дека е хоспитализиран во КОВИД болница во Белград.
Во неделата, патријархот Иринеј беше на погребот на митрополитот Амфилохиј во Подгорица, а повеќето луѓе на литургијата беа без маска.
Да потсетиме, Митрополитот црногорски и приморски Амфилохије (83) почина на 30 октомври од последиците на ковид-19.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.