Претседателот на државата со провизорни изјави

Објавил: Узунов Бобан | 11 мај, 2019 18:56

Пендаровски ги толкува законите од ракав и како претседател, најавува откази за лица за кои се води истрага ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски во денешна изјава при врачувањето на уверението за претседател на државата падна на првата лекција по право. Тој изјави дека за лица за кои се водат истраги не може да работат во Агенцијата за разузнавање, само врз основа на тоа што имал информации дека за 4 лица се водат истраги, а тоа не е законски основ уште на првиот ден како претседател да се заканува дека ќе дели откази. 

Најмалку што се очекува од Стево Пендаровски кој ја извршува највисоката функкција во државата да дава вакви непромислени изјави. 

Според Законот за Агенција за разузнавање, на вработен во Агенцијата кој е осуден за кривично дело кое се гони по службена должност или му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење на професија, дејност или должност му престанува работниот однос со денот на врачувањето на правосилната пресуда.

Со оваа изјава Пендаровски покажа елементарно непознавање на Законот за Агенција за разузнавање и на стартот на неговиот мандат најави реваншизам према луѓе вработени во Агенцијата за разузнавање за кои нема правосилна судска одлука врз основа на која би им престанал работниот однос ?


Од каде Стево Пендаровски го црпи ова право треба да и објасни на јавноста во најмала рака поради тоа што е носител на највисоката функција во државата и неговите изјави секогаш треба да бидат  законски засновани и да праќаат сигнали на сигурност и почитување на владеењето на правото. Или дали пак претседателот Пендаровски има некои дополнителни информации за судските постапки и во стилот на Заев знае однапред како ќе завршат ?


Во рапортот на Прибе најголемите забелешки беа стравичните злоупотреби на безбедносно – разузнавачкиот апарат. Не сум само јас надлежен, но имам ингеренции посебно во Агенцијата за разузнавање. За дел од лицата во Агенцијата веќе се водат и постапки и сите оние кои се огрешиле од Законот, не можат да работат ниту во Кабинетот на претседателот, ниту во Агенцијата за разузнавање. Според моите информации, Обвинителството води истрага за 4 лица – рече Пендаровски. 

Оваа изјава на Пендаровски е целосно контрадикторна со неговата денешна изјава дека Политичкиот реваншизам треба да биде минато во оваа земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.