Битолчани изненадени што градската мајка се решија да го раскопа речното корито на почеток на зимата, коментираат дека можеби сепак ќе добијат и Галија до Шилегов

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 ноември, 2018 10:25

Петровска го раскопа “Драгор” на сред “зима”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во една година свое владеење како прва жена градоначалник на Битола, битолчани во нивни стил коментираат дека поголема домаќинка не виделе, затоа што не ја ни виделе воопшто во јавност.

Имено од самото именување, Петровска според коментарите низ битолски Широк Сокак, во јавноста се појавува само на партиски манифестации или настани во организација на општината, но кои таа ги фондира како градоначалник.

Градоначалниката на Битола е една од најкритикуваните во својата неактивност. Градот под најстариот национален парк во Македонија, Пелистер, се гуши од загадениот воздух а на Петровска и требаа 90 дена да побара да се поправи мерната станица 2, лоцирана на 50 метри од нејзиниот кабинет

Градоначалничкиот кабинет е второ партиско седиште, коментираат битолчани, кои не се сеќаваат на ниту еден градоначалнико кој останал толку глув на проблемите но и достигнувањата во градот по Пелистер.

И на официјалниот сајт на општина Битола може да се забележи дека Петровска прима само странски или владино – партиски делегации, но не и обични граѓани, уметници, здруженија, спортисти.

Според информации од општина Битола, за таа цел Петровска немала време, информираат дека ова лето била два пати на годишен одмор, период за кој ја менувала нејзината заменичка, која се користи како заменски градоначалник иако Петровска не е спречена да ги извршува и обврските кон градот.

Последниот проект по обидот за присилна национализацјиа на планинарскиот дом Копански, кој е единствен проект на Петровска, според битолчани е раскопувањето на реката Драгор, долж едиствениот булевар во Битола, 1-ви Мај. 

Од општината информираат дека тоа е акција за чистење на речното корито која одамна требало да се реализира, додека битолчани низ потсмев констатираат дека и при најмал дожд, Петровска тешката градежна механизација од коритото на реката Драгор ќе ја бара по Пелагониското поле.

Воедно еколошките активисти имаат и конкретно прашање.

Дали со ова не се нарушува флората и фауната во речното корито и низ цинизам констатираат дека можеби Петровска на крај и ќе стави асфалт во реката Драгор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.