Одлуката е донесена на синоќешниот состанок на Централниот изборен штаб на СДСМ и коалицијата на кој учествувале сите министри, градоначалници и високи функционери од владејачката партија.

Објавил: admin@magazin | 23 март, 2019 11:59

Под слоганот „ЗАЕДНО НАПРЕД„ Пендаровски сака да победи како претседател

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

„Заедно напред“ е слоганот со кој кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе бара поддршка од граѓаните за изборите на 21 април.

Оваа одлука е донесена на вчерашниот состанок на Централниот изборен штаб на СДСМ и коалицијата на кој учествувале сите министри, градоначалници и високи функционери од владејачката партија.

Слоганот Заедно Напред„ ја изразува суштината и вистината на програмата на Стево Пендаровски што е заснована на принципи на заедништво, на обединување на граѓаните и на забрзан развој на земјата на патот кон НАТО и ЕУ. По вчерашната средба и одлуката за слоганот, премиерот Заев изјавил дека сака фер и мирни претседателски избори.

Под број 1 – Блерим Река, број 2 за Гордана Силјановска Давкова и број 3 за Стево Пендаровски, ќе се одлучува на денот на претседателските избори.

Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река ќе ги измерат силите на претстојните претседателски избори кои ќе се случат во Април.
Сите тројца кандидидати веќе одамна ја комплетира пријавата да влезат во трката на 21 април.

Секој од кандидатите тврди дека ќе се залага за модерна и стабилна развиено економска држава. Сите учесници во процесот порачуваат и ветуваат европска кампања.

Под број 1 – Блерим Река, број 2 за Гордана Силјановска Давкова и број 3 за Стево Пендаровски, ќе се одлучува на денот на претседателските избори.

Вака одлучи ДИК за редоследот на изборното ливче на претседателските избори на кој што граѓаните ќе го избираат новиот шеф на државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.