Пречек на деценијата е посетата на Путин во Белград

Објавил: Узунов Бобан | 17 јануари, 2019 15:14

Помпезен пречек на Вучиќ во Белград

Фото/Текст извор: ©магазин

Сакам искрено да Ви се заблагодарувам за многу енергија, напор, труд, време, почит и љубов што вложивте во развојот и напредокот на српско-руските односи”, рече Вучиќ на почетокот на тет-а-тет средбата со рускиот лидер во Палатата на Србија, која би требало да трае околу еден час.

Вучиќ рече дека соработката меѓу Србија и Русија треба да во трговската размена во голем процент. ” Двајцата лидери ќе потпишат голем број на договори за развој на инфраструктурата, енергијата, и другите области.

Двајцата лидери ги истакнаа добрите односи помеѓу двете земји

Задоволни сме од воено-техничката соработка. Ако се сеќавате, јас сум горд поради тоа што кога се сретнавме пред шест години во Сочи, ние, главно, разговаравме за тоа како Србија ќе ги врати долговите, Србија денес нема никакви проблеми со тоа “, рече Вучиќ.

Тој се заблагодари на Путин за поддршката што Русија ја обезбедува за независноста на Србија и почитувањето на интегритетот.

“Мислам дека Русија секогаш може да смета на сојузник во Србија”, рече Вучиќ.

Претседателот на Русија Владимир Путин му се заблагодари на Вучиќ, на граѓаните на Белград и низ цела Србија за гостопримството.

“Јас сум многу задоволен што имам можност да ја посетам братска пријателски Србија и да зборуваме за она што го направивме и што треба да се направи”, рече Путин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.