Ферхат Куџук, од страна на Судот за тежок криминал е осомничен за организација на наоружана терористичка група, јавна измама и лажирање на официјални документи

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 6:19

Посинокот на Фетула Ѓулен во Турција, осуден на 30 години затвор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Суд во Турција го осуди на 30 години затвор посинокот на лидерот на Терористичката организација ФЕТО, Фетула Гулен.

Судот за тежок криминал во Санлиурфа му ја врачи казната на Ферхат Куџук, кој беше осомничен дека е ги водел операциите на ФЕТО во регионот Санлиурфа.

Куџук, со алијас Ведат, беше обвинет за организација на наоружана терористичка група, јавна измама, и лажирање на официјални документи.

На судењето Куџук ги негирал сите изјави дека е поврзан со ФЕТО и обвиненијата против него.

Според владата на Турција, терористичката група ФЕТО на чело со својот лидер Фетула Гулен кој живее во САД, стои зад неуспечниот пуч кој се случи на 15 јули, 2016.

Во инцидентот загинаа 251 лице, а преку 2000 беа повредени.

Анкара исто така обвини дека ФЕТО финансира кампањи со кои сака да ја урне владејачката гарнитура, преку инфилтрирање во турските институции, посебно во војската, полицијата и судовите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.