Голем дел од српската јавност се огласи по смртта на Шабан Шаулиќ и во тешко неверување прифати дека кралот на народната музика не е повеќе меѓу нив.

Објавил: Перо Милчин | 17 февруари, 2019 14:21

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Српските звезди се простуваат од кралот на народната музика

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Утринава во тешка сообраќајна несреќа во Германија настрада српскиот пејач и крал на народната музика Шабан Шаулиќ.

Голем дел од српската јавност се огласи по смртта на Шабан Шаулиќ и во тешко неверување прифати дека кралот на народната музика, не е повеќе меѓу нив. Шабан Шаулиќ утринава настрада во тешка сообраќајна несреќа кога одел на аеродромот а претходната ноќ имал настап во Германија.

Дел од српската јавност е се уште е во неверување за смртта на познатиот пеач.

Саша Матиќ изјави дека не може да поверува што се случува.

“Пред малку слушнав. Во шок сум. Не можам да поверувам. Боже зошто се случува ова! Бевме многу добри пријатели, тој ми беше идол. Тешко ми е да зборувам. Сочувство до фамилијата потресен е Матиќ “.

Неговиот прв албум излезе во 1969 г. кога имал осумнаесет години, отприлика тогаш служел воен рок во Југословенската народна армија во Битола. До 1976 г., авторот на неговите песни бил Буца Јовановиќ, а од таа година сите свои песни ги пишувал лично.

Светлана Цеца Ражнатовиќ на која и е познато на јавноста, дека таа и Шабан Шаулиќ беа многу добри пријатели, шокирана е од немилиот настан од утрово.

“Не знам што да кажам во шок сум и претажна. Цела фамилија и јас занемевме од оваа трагична вест. Сочуство до фамилијата Шаулиќ. Пејач како што беше Шабан треба да биде погребан во Алејата на Великаните” рече Цеца Ражнатовиќ.

Драган Којиќ Кеба видно потресен од ситуацијата изјави дека вчера се видел со Шабан и се поздравиле. 

И пејачот Љуба Аличиќ во неверување за несреќата:

Јас во тоа не верувам, мора да е некоја грешка. Сега ми се јавија некои пријатели но јас мислам дека се е лага. Што да кажам, бевме добри пријатели, тоа сите знаат. Многу ми е жал. 

На социјалните мрежи безброј фанови се простуваат од великанот на народната музика, кој ќе остане запаметен по неговите големи хитови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Семејството покрај ковчегот, граѓаните се простуваат од Михајловиќ

Голем број граѓани на Рим од утрово чекаат пред римската општина Кампидољо, за да му...

Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна!

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започна во ТВ Студио Б, работеше на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години беше уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк.

Погребана Ксенија Вучиќ: Српскиот претседател во придружба на своите деца пристигна на Ново Гробје

Новинарката и екс сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе биде...

Како што наведе Вучиќевиќ, Ксенија починала на рацете од својот син. Најверојатно се работи за проблеми со срцето!

ПОЧИНА НА РАЦЕТЕ ОД СВОЈОТ СИН: Откриена причината за смртта на Ксенија Вучиќ

Новинарката и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ...