Шврговски, пак, мисли дека тој самиот нема да оди во изолација, затоа што Мијалков бил „особено внимателен“ и постојано „одржуваше дистанца и носеше маска“.

Објавил: Владо Марин | 14 октомври, 2020 19:55

ПОТВРДЕНО: Сашо Мијалков е позивен на КОРОНА ВИРУСОТ

Фото/Текст извор: ©360

Поранешниот директор на УБК и обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“, Сашо Мијалков, е позитивен на ковид-19.

За повеќе медиуми, таква изјава доцна попладнево даде неговиот адвокат Љупчо Шврговски. Мијалков се тестираше за ковид-19 во текот на денот, откако почуствувал симптоми на болеста која ја има и неговата сопруга, а поради што се одложи денешното судско рочиште за „Таргет-Тврдина“.

Во изјавата за „Фокус“, Шврговски тврди и дека Мијалков се чувствува добро, но дека засега не се знае дали неговиот клиент ќе биде третиран дома или во болнички услови.

Формално, Мијалков се уште не го добил решението, но резултатот веќе му е соопштен.

Шврговски, пак, мисли дека тој самиот нема да оди во изолација, затоа што Мијалков бил „особено внимателен“ и постојано „одржуваше дистанца и носеше маска“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.