Таа својот потпис го стави на илјадници стихови кои преточени во музика прераснаа во врвни хитови од рок, поп и фолк жанровите во времето на екс југославија до денес.

Објавил: admin@magazin | 20 септември, 2021 3:47

Почина Марина Туцаковиќ: Најпознатиот текстописец на Балканот ја загуби борбата за живот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По долга борба со ракот на дојка, во 68 година од животот почина Марина Туцаковиќ. Нејзината состојба дополнително се влошила во изминатите денови поради зараза со коронавирусот, јавуваат српските медиуми.

 

Таа последните денови ги поминала во клиничкиот центар „Драгиша Мишовиќ“ каде од 14-ти месецов била ставена на респиратор.

Таа својот потпис го стави на илјадници стихови кои преточени во музика прераснаа во врвни хитови од рок, поп и фолк жанровите во времето на екс југославија до денес. 

Кариерата на музички текстописец,Марина Туцаковиќ ја почнала во осумдесетите години од минатиот век, најнапред преку соработка со  групата „Зана“. Оттогаш, нејзините текстови направија многу музички ѕвезди од тогашните пејачи присутни на естрадата, меѓу кои Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Цеца, Северина, Оливер Мандиќ, Харис Џиновиќ, Жељко Самарџиќ, како и Неда Украден.

Туцаковиќ соработуваше и со македонската музичка ѕвезда Тоше Проески , конкретно на албумот „ Ако ме погледнеш во очи“ од 2002 година.

Нејзината последна желба била да биде закопана покрај гробот на нејзиниот син Милош кој почина ненадејно во 2008 година, а не во алеата на великаните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Семејството покрај ковчегот, граѓаните се простуваат од Михајловиќ

Голем број граѓани на Рим од утрово чекаат пред римската општина Кампидољо, за да му...

Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна!

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започна во ТВ Студио Б, работеше на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години беше уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк.

Погребана Ксенија Вучиќ: Српскиот претседател во придружба на своите деца пристигна на Ново Гробје

Новинарката и екс сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе биде...

Како што наведе Вучиќевиќ, Ксенија починала на рацете од својот син. Најверојатно се работи за проблеми со срцето!

ПОЧИНА НА РАЦЕТЕ ОД СВОЈОТ СИН: Откриена причината за смртта на Ксенија Вучиќ

Новинарката и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ...