Великанот на екс - Југословенската и Хрватската музичка сцена почина рано изутрина

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 јули, 2018 9:47

Почина Оливер Драгојевиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рано изутрина во 5 часот во сплитската болница почина Оливер Драгојевиќ.

Како што го нарекуваа обожавателите и стручната јавност – великанот на музичката сцена на териториите на земјите од поранешна Југославија боледуваше од рак и веќе подолго време беше отсутен и од сцената и од очите на јавноста.

Оливер Драгојевиќ имаше 71 година а беше роден во Хрватска на островот Корчула.

Најпознати негови песни се: Галеб и ја [ 1975] Скалинада [ 1976 ] Малинконија [ 1977 ] Опрости ми папе [ 1978 ] Молитва за Магдалену [ 1978) ] Вјеруј у љубав [ 1979 ] Надалина [ дует со Борис Дворник од 1980 ] Кароца [ 1982 ] Моје прво пијанство [ 1983 ] Свирајте ноћас за моју душу [ 1988 ] Што то бјеше љубав [ 1988 ] Нека се други радују [ 1990 ]  Цесарица [ 1993 ] и многу други.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.