Премиерот Орбан откако стана политички "идол" во Европската Унија, во официјална посета на Москва и се заблагодари на Русија за добриот развој на билатералните односи

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 8:39

Премиерот на Унгарија во посета на Москва

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во Москва и се заблагодари на Русија за добриот развој на билатералните односи и рече дека Унгарија секако е еден од клучните европски партнери на Русија.

Орбан е во посета на Москва каде се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, кој го поздрави зголемувањето на трговската размена меѓу двете земји и инвестициите кои изнесуваат околу милијарда долари.

Двете страни ќе одржат и средби во поширок формат, со учество на министрите за надворешни и внатрешни работи, економија и енергетика.

Русија гради реактори во нуклеарната централа Пакс во Унгарија во зделка чија вредност се проценува на повеќе од 10 милијарди евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.