Нелегалниот транзит на мигрантите низ Македонија во полн ек

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 август, 2018 15:12

Приведени девет мигранти и 19-годишен возач кој ги превезувал

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Девет мигранти и возачот 19-годишник од Скопје кој ги превезувал во патничко возило вчера на излезот од автопатот кај Демир Капија биле запрени и приведени во Полициска станица за понатамошна постапка.

Како што соопшти МВР вчера во 17.55 часот на автопатот Гевгелија – Скопје на клучка село Миравци полициски службеници забележале патничко возило “Мерцедес” со скопски  регистарски ознаки сопственост на Н.С. [ 61 ] од Скопје а управувано од Е.И. [ 19 ] од Скопје кој возилото го управувал без да се стекне со право за управување на возило кое се движело со голема брзина.

“Во близина на тунелот и мостот на реката Вардар кај Демир Капија возилото застанало и од него излегле повеќе лица по што продолжило со движење кон Демир Капија. Кога возилото се исклучило од автопатот било запрено од полициски службеници.

На местото биле затекнати девет лица мигранти без документи за идентификација. Возачот Е.И. и мигрантите биле приведени во Полициска станица за понатамошна постапка.” – наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.