Стигна и првата пратка на вакцини преку Ковакс механизмот и со овие 24.000 дози е предвидено да стартува масовната имунизација кај нас, започнувајќи од среда.

Објавил: Владо Марин | 28 март, 2021 11:04

Пристигнаа 24.000 вакцини „АстраЗенека”, први ќе се вакцинираат 20.000 лица над 75 години

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Стигна и првата пратка на вакцини преку Ковакс механизмот и со овие 24.000 дози е предвидено да стартува масовната имунизација кај нас, започнувајќи од среда.

На аеродромот во Скопје денеска пристигнаа 24.000 дози вакцини на производителот „Астра Зенека“ преку Ковакс механизмот. Со нив вакцинацијата треба да започне в среда во вакциналните пунктови во здравствените домови.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека со овие вакцини први ќе се вакцинираат 20.000 лица над 75 години со хронични болести!

Благодарност до сите земји во светот кој го поддржаа овој систем, посебно на пријателските земји САД, Германија, Велика Британија, Франција и земјите од ЕУ како и на СЗО, УНИЦЕФ и ОН со чија помош го организиравме транспортот до нашата земја, изјави министерот Филипче!

Системот за имунизација е подготвен и сега нашиот фокус е да имунизацијата се спроведува во континуитет во текот на месеците кои следуваат, започнувајќи со Астра Зенека, а продолжувајќи со најавата за другите вакцини кои сме во очекување да ги добиеме многу скоро, рече тој!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.