Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето по предметот "Титаник" на Специјалното Јавно обвинителство

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 8:51

Продолжува судскиот процес за “Титаник”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Продолжува судењето за “Титаник” на СЈО додека последната недела од август продолжуваат и судењата за “Т.Н.Т.” – “Тврдина” и “Таргет”.

Минатото рочиште за “Титаник” требаше да се одржи на 3-ти јули но беше одложено поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска која како што извести нејзината адвокатка Сања Алексиќ се наоѓа во болница по породувањето.

Судијата Осман Шабани тогаш рече дека обвинетата Јанкулоска има право 45 дена да не биде повикувана на судски рочишта поради што го одложи судењето за “Титаник” за 16-ти август.

Во “Титаник” обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протoѓер – Кирил Божиновски – Миле Јанакиески – Гордана Јанкулоска – Билјана Бришкоска Бошковски – Илија Димовски – Мунир Пепиќ – Едмонд Темелко – Леко Ристовски – Кирил Тодоровски – Катерина Веловска – Станко Коруновски – Коста Марковски – Драгче Драгчески – Марјан Накевски – Гоце Јаневски – Џезми Ахмет – Роберт Давитков – Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување – повреда на избирачкото право – повреда на слободата на определување на избирачите – поткуп при избори и гласање – уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012-та година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.