Ние зборувавме дека ќе го поддржиме решението кое ќе одговара само на Србите и српската влада, Во тоа е Рускиот став, и тој е одлучен, рече Захарова,

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 март, 2019 17:45

Путин им се закани на Албанците : „На Косово ќе биде онака како Србија ќе каже„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Ставот на Русија од евентуалното решение со проблемите за Косово, не се промени, Русија го поддржува решението кое ќе одговара само на Србија и Србите.

Портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Русија Марија Захарова, го пренесе ставот на Рускиот претседател Владимир Путин дека, Русија ги поддржува сите решенија кои ќе ги донесат Србите во врска со Косово, евентуално само да тоа да им одговара на Србите.

„Русија секогаш активно учествувала во решавањето на тие прашања. ЕУ е посредник, но, за жал слабо се исполнува сето тоа. Формирањето на Заедницата на српските општини требаше да се случи, но ништо. По Резолуција 1244 предвидена е можност за присуство на српската полиција на Косово. Каде е тоа? Ништо нема. Мора да постои поголемо почитување кон меѓународното право и само така може да се најде решение”, рече Путин претходниот месец, кога беше во посета во Србија..

Таа ова го изјави на редовната конференција за новинарите, дека Русија ќе ги поддржи сите предлози кои ќе одговараат само за Србија, а исто така и  правите документи кои ја регулираат оваа ситуација, вклучувајќи ја резолуцијата 1244 на советот на безбедност на УН.

Ние тие документи ги сфаќаме како актуелни, затоа што никој не ги менуваше. Гледаме дека Србија се обидува тоа да го реши, помеѓу другото и со преговори.

Ние зборувавме дека ќе го поддржиме решението кое ќе одговара само на Србите и српската влада, Во тоа е Рускиот став, и тој е одлучен, рече Захарова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.