Русија која има поддршка од Кина со што ги прави најмоќната воена и економска сила во светот, го "играат" Ердоган за влез на Турција во "нов" светски сојуз наспроти САД и ЕУ

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 9:40

Путин и Ердоган ќе разговараат за Сирија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Рускиот претседател Владимир Путин се очекува денеска да биде домаќин на неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган.

На средбата ќе разговараат за мировните напори за сирискиот регион Идлиб, каде што голем напад на сили на сириската влада се чини неизбежен против последното упориштето на бунтовниците.

Состанокот, во рускиот град Сочи, се очекува да биде продолжение на разговорите од самитот во Иран, минатата недела, за време на кој Путин го отфрли предлогот на Ердоган за целосен прекин на огнот во Сирија.

Во близина на турската граница во северозападниот дел на Сирија, Идлиб е последното преостанато упориште на бунтовниците по седумгодишна катастрофална граѓанска војна во земјата.

Додека сириските државни сили беа подготвени да го нападнат Идлиб, Русија ги обвини милитантите за спроведување напади и наведе дека подготвува хуманитарни коридори за евакуација на цивилите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.