Рускиот претседател по свадбата на австриската шефица на дипломатијата ќе замине во посети на германската канцеларка Меркел со "општи" теми за дискусија

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 11:26

Путин на свадба а на неа повеќе полиција од сватови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот претседател Владимир Путин планира во сабота на 18-ти август во Австрија да присуствува на свадбата на австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Путин истиот ден би требало да отпатува во Германија на состанок со германската канцеларка Ангела Меркел на која како што претходно е најавено треба да се разговара за ситуацијата во Сирија како и Украина и за прашањата од областа на енергетиката.

Според пишувањата на виенскиот венсик “Мронен цајтунг” австриските безбедносни сили како и елитната единица на полицијата за борба против тероризмот позната како “Кобра” активно се подготвуваат за потенцијалната посета на Путин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.