Дел од фирмите ги донирале буквално сите материјали што ги имаат на залиха, а кои требало да бидат користени за од нив да се изработуваат јоргани, перници и постелнини.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 март, 2020 13:55

РАДОСНА ВЕСТ: Прилепска фирма- За една недела ќе изработиме БЕСПЛАТНО 2 милиони заштитни маски!

Фото/Текст извор: ©sloboden pečat

Менаџерот на прилепската компанија ,,Кули”, Александар Мариновски, за Слободен печат тврди дека оваа фирма, чија основна дејност е изработка на конфекциски производи, за една недела ќе изработи два милиони заштитни маски, поради состојбата со коронавирусот и тоа комплетно бесплатно.

Конфекција Кули, производствениот процес на маските ќе го спроведе заедно со други компании од истата дејност, кои решиле дури и целосните капацитети да ги стават во функција на изработка на маски, пишува Слободен печат.

Дел од фирмите ги донирале буквално сите материјали што ги имаат на залиха, а кои требало да бидат користени за од нив да се изработуваат јоргани, перници и постелнини.

-Денеска почнуваме да ги произведуваме заштитните маски, со уште две фирми од Прилеп, а мислам дека уште две ќе се приклучат, за да помогнеме кој колку може. И сите конфекции во Македонија се вклучуваат, една компанија дури и цел материјал што го имаше го донираше – рече Мариновски.

Конфекција Кули, производствениот процес на маските ќе го спроведе заедно со други компании од истата дејност, кои решиле дури и целосните капацитети да ги стават во функција на изработка на маски.

Запрашан дали маските имаат заштитна функција, односно дали се квалитетни, менаџерот рече дека се подобри од оние кои веќе ги нема во аптеките, а чинеа по три-четири денари.

– Имаме материјали, од кои изработуваме јоргани и перници и тие материјали се антибактериски. Можеби овие маски се подобри од оние што порано во аптеките чинеа по три четири денари. Имаме налози за работа, но ако треба ќе прекинеме се, доколку за тоа во иднина се јави потреба и цел капацитет ќе го пренасочиме кон изработка на маските, зашто тоа е за сечие добро, додаде директорот.

За овие маски се заинтересирале и државни и приватни болници, аптеки од Скопје, но Мариновски морал да ги одбие. Маските најнапред ќе ги дистрибуираме во Кризен Центар Прилеп, зашто тие сметаме дека најдобро знаат на кого прв маските му се потребни. Верувам дека ќе завршат во здравствените домови, во старските домови, можеби ќе ѝ ги дадат на полицијата, на армијата, кај што треба таму ќе се дистрибуираат.

Сите ми се јавија поединечно, и од државни и приватни скопски клиники, од аптеки, но им кажав дека ова не е за нивна употреба, бидејќи немам никаква декларација што можат да им ја понудам. Сепак ова е една наша иницијатива, од наши ресурси, за да видиме со тоа што го имаме што можеме да направиме. Ќе има и приватни пратки од компаниите кон фирми. За една недела ќе направиме од 2 до 3 милиони маски – објаснува Мариновски.

Останатите компании кои се приклучуваат кон акцијата се Гифти Текс, Стан МК и Фешн Линк.
Конфекцијата Кули од Прилеп е финансиски поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој. Првата изработена маска може да ја видите на фотографијата во продолжение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.