Писмото на помошник заменик државниот секретар, Вес Мичел упатено до Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО - ДПМНЕ, во фокусот на руската надворешна политика

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 7:49

Руското МНР ги обвини САД за притисок врз македонската опозиција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, официјално се огласи по се поголемиот притисок од страна на администрацијата на САД, врз опозиционата ВМРО – ДПМНЕ, со цел да ги гласа уставните измени.

Соединетите држави ја притискаат опозицијата во Македонија, за да ја вовлечат земјата во НАТО, пишува руското Министерство за надворешни, додавајќи дека таквото мешање е недопустливо и ги преминува сите можни граници.

На веб страницата на руското МНР, е објавен коментар на министерството околу странското мешање во внатрешните работи на Македонија.

Врз опозициските пратеници се истури бура од повици со препорака да не се пропушта историската шанса, како и дека има различни бонуси за вистинскиот избор.

Конкретно, помошник заменик државниот секретар, Вес Мичел, во објавеното писмо до лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, без задршки му диктира како треба да се однесува.

Продолжува најгрубото мешање на Содеинетите држави и Европската унија во внатрешните работи на Македонија, чие ниво веќе ги премина сите можни граници бидејќи целта да се вовлече Македонија во НАТО треба да се постигне по секоја цена. – пишува руското МНР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.