Скандалот Рекет извршил големо влијание за недобивањето на датум за преговори. Тој рече дека целата јавност е свесна дека таква игра на рекетирање не е можна без политичка заштита.

Објавил: admin@magazin | 27 октомври, 2019 14:51

САФЕТ БИШЕВАЦ: Аферата РЕКЕТ изврши големо влијание за недобивањето на датум за преговори!

Фото/Текст извор: ©јавно

Поранешниот пратеник на СДСМ Сафет Бишевац за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија рече дека помислата на Заев и СДСМ дека нивниот прав пат има само две траси преку Атина и Софија за да се стаса до Брисел, се покажа дека тоа не е точна.

Според него дури Макеоднија да успееше да добие датум за почеток на преговори со Европската Унија, државата ќе беше пак земја без правда, земја со уништено образование и катастрофално здравство.

-По Самитот, никаде го нема Димитров и првото што требаше да го направи беше да поднесе оставка на функцијата бидејќи ова секако е неуспех на надворешната политика на државата, бидејќи тој беше репрезент на целиот процес заедно со премиерот и министерот за евроинтеграции, кој исто така мислам дека требаше да поднесе оставка, изјави Бишевац.

Како што рече Бишевац, скандалот Рекет извршил големо влијание за недобивањето на датум за преговори. Тој рече дека целата јавност е свесна дека таква игра на рекетирање не е можна без политичка заштита.

-Рекет покажа дека државата функционира на тој начин, тоа со Бојан и со Катица Јанева што го видовме е урнекот на кој функционира целото општество. Зарем мислите дека само таму функционира така?

Прашајте ги бизнисмените, видете што се случувало во Рекет 2, допрва ќе се осознае со какви всушност методи се трча по пари. Целата филозофија на владеење се сведува на енормно брзо богатење на одредена клика на луѓе свесни дека веројатно оваа приказна ќе трае до првите парламентарни избори, дециден беше Сафет Бишевац.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.