Од ВМРО велат дека сето ова е резултат на СДСМ и за нивната неспособност за заштита на културното наследство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 мај, 2019 10:54

СДСМ го уништи Охрид и му го загрози статусот на заштитено подрачје на УНЕСКО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СДСМ го уништи Охрид и му го загрози статусот на заштитено подрачје на УНЕСКО.  За Зоран Заев и СДСМ поважни се матните бизнис зделки отколку културното и природно наследство на Република Македонија, стои во соопштението на ВМРО.

Дел од необјавениот извештај на УНЕСКО со кое се утврдува дека Охридскиот регион се става во листата на загрозени светски културни наследства.

Од ВМРО велат дека сето ова е резултат на СДСМ и за нивната неспособност за заштита на културното наследство.

Како резултат на негрижата и неспособноста на СДСМ, Охрид за прв пат од 1979 година ќе биде ставен на листата на загрозено светско културно наследство и ќе се најде во друштво на држави како што се Авганистан, Конго, Ирак, Палестина, Сирија и Узбекистан.УНЕСКО во најновиот извештај констатира дека подрачјето на Охрид продолжува да биде погодено од неконтролиран  урбан развој, несоодветно урбано развивање како и експлоатација на брегот.  Во извештајот стои и дека во последниот период во Охрид има  зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина.За неспособноста и незаинтересираноста на СДСМ за заштита на културното наследство говори и фактот дека не се реализирани повеќето од половина од 19-те забелешки на реактивната мисија на УНЕСКО, стои во соопштението на ВМРО.

Од ВМРО додаваат дека СДСМ додека беше опозиција  ветуваше грижа за културното наследство и средување на урбаниот хаос во Охрид, но откако дојде на власт го направи спротивното.

Ветуваа попис на дивоградби и нивно рушење, а се што направија беше легализација и откочување на изградбата на запрените двоградби.СДСМ остана глува на сите предупредувања на експертската јавност, екологистите и на УНЕСКО кои укажуваа на девастацијата и узурпација на Охрид и неговата околина.Очигледно е дека бизнис интересите на функционерите од власта се поважни од заштитата на Охрид и културното и природно наследство на Република Македонија.

Во соопштението на ВМРО стои посочено дека скандалите на СДСМ во областа на културата растат од ден на ден. СДСМ докажа дека нема интерес да се грижи ниту за културата, традицијата и наследството на Република Македонија.Државата и Охрид не заслужуваат ваква неспособна и криминална власт чиј единствен интерес е како побрзо да се збогатат.  Токму затоа СДСМ мора да си замине.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.