СЕ ОГЛАСИ ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Објавил: Едмонд Бекири | 17 ноември, 2018 15:17

СДСМ: Правда мора да има, заврши времето кога од партија се наредуваше кој да излезе или влезе во притвор

Фото/Текст извор: ©сдсм

Она кога читате соопштение до јавноста а не знаете за што се работи, тогаш можеби ќе си поставите потпрашања или ќе се запрашате што сакаат овие да кажат. Соопштението најверојатно е на соопштение од друга партија, но во секој случај она што не смее да остане незабележано е дека толку грешки да се најдат на едно место од еден центар за комуникација на партијата на власт е навистина без вкус и трагикомично, а да не зборуваме за веродостојноста на изнесеното. Кој има корист од ваквите пресови, соопштенија, народот?


Денешното барање на судот да донесе одлука по налог на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека во оваа партија ништо не се променило, тоа е истата матрица на криминалецот Никола Груевски. 
-Денешното барање на судот? Прашање кој суд? Какво барање, писмено, усно-

Времето кога од партија се наредуваше кој да се притвора, а кој да излезе од притвор заврши со заминвање на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Времето кога илјадници граѓани нелегално се прислушуваа и кога судиите од тефтерчето судеа по нарачка на Никола Груевски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ, заврши со нивното заминување во опозиција.
Со „заминвање„ на ВМРО ДПМНЕ пишува во соопштението од СДСМС завршила наредбата за притвор. Можеби новинарот мисли на последниот експресен притвор како одмазда за Никола Груевски притвор на Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски?

Лицемерно е денеска антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Христијан Мицкоски да зборуваат за срам после ревносата одбрана на криминалот на Никола Груевски, како нивен единствен и главен начин на делување. Лицемерно  е денеска ВМРО-ДПМНЕ, патијата што го создаде системот на нарачки во судовите и неказнивост, првата партија во Европа чиј почесен претседател е правосилно осуден и е во бегство од правдата денес, да зборува за владеење на правото.
-Да има навистина лицемерие и тоа во известувањето на СДСМ каде што покрај непознавањето на новинарскиот кодекс се прават  и енормни печатни грешки како што е „ревносата„ за кој збор ќе мора да побарам лексикон. Каде тоа Мицкоски зборувал за правдата и дали тоа СДСМ мисли на барањето на Мицкоски да се формира Комисија за Референдумот каде што се полнеа кутии чие барање (иницијатива) бепе експресно одбиено или пак тоа Мицкоски зборува за правдата да се обрати од Македонското Собрание пред гласањето за отворање на уставот кое исто така беше експресно одбиено.

Рефромата во безбедносните служби, денес обезбедува професионални и независни институции што работат во служба на законите и во интерес на граѓаните. Времето на злоупотреба на безбедносните служби за пресметка со политичките неистомисленици заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.
-„Рефромата„ во безбедносните служби работеле во служба на законите – тогаш прашање зошто пишувате за Груевски константно дека избегал? Како тоа избегал ако е вашиот наод точен?

Антинартодното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека нема да може да го одбрани криминалот на нивниот ментор Груевски, ниту на неговите соработници.
-„Антинартодното„ раководство пишуваат понатаму СДСМ очигледно нервозно и без факти. Новинарството е какао вага, се става од една страна но мора да се стави и од другата страна за да се измери вистинската тежина. Дали знаат до центарот за комуникации на СДСМ?

Правда ќе има, ќе има одговорност за секој за кој ќе се докаже дека постапувал незаконски. Отворената истрага ќе ги лоцира одговорните кои на каков било начин му помогнале на криминалецот Груевски во неговото бегство и сите мора да бидат изнесени пред лицето на правдата.
-Да Зоран Заев претседател на СДСМ вчера изјави дека ќе го врати Груевски назад, но не кажа кога и во какво својство, не кажа исто каде ќе биде во тој момент Зоран Заев дали можеби и тој ќе биде во бегство?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.