Од почетокот на мандатот па до сега, изградени се 24 детски градинки. Од нив отворени се 13, а во фаза пред отворање се 11 детски градинки.

Објавил: admin@magazin | 2 јануари, 2019 12:30

СДСМ: Се отвораат нови градинки, ќе работат над 1.000 лица

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

„Владата предводена од СДСМ посветено работи на остварување, да се обезбедат квалитетни и достојни услови за развој на децата.

Се решава проблемот со недостиг за згрижување деца и се инвестира во изградба на нови детски градинки. Од почетокот на мандатот па до сега, изградени се 24 детски градинки. Од нив отворени се 13, а во фаза пред отворање се 11 детски градинки.

Зголемената потреба од кадар за новите и веќе постоечките установи, Министерството за труд и социјална политика обезбеди финансиска согласност за вработување на над 1.000 лица од кои поголемиот дел се на неопределено време.Освен што се зајакнува кадарот, покачени се и платите во детска заштита. Сите 4.300 вработени, со септемвриската плата добија покачување од 5 отсто, а покачувањето на платите ќе продолжи и во 2019 година.

За таа цел во буџетот на министерството за 2019 се планира зголемување на капиталните инвестиции на 87 милиони денари што е речиси двојно повеќе отколку во 2018 кога изнесуваа 45 милиони денари.

Во периодот кој следува продолжуваат интензивните активности за натамошно проширување на мрежата на установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, пред сè преку зголемување на инвестициите наменети за реконструкција, адаптација и изградба на нови установи за деца.

Обезбедувањето на квалитетни услови за раст и развој на децата, надминување на проблемот со места за згрижување и унапредување на условите за работа на негувателките и воспитувачките се врвни приоритети на Владата предводена од СДСМ која останува фокусирана на потребите на граѓаните“ додаваат од партијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.