Мандатот за составување на Владата, претседателот Пендаровски ќе му го врачи на Заев утре во 12 часот во претседателската Вила Водно.

Објавил: Владо Марин | 12 август, 2020 19:23

СДСМ: Согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

СДСМ и Коалицијата „Можеме“ го известила претседателот Стево Пандаровски дека мандатор за составување на новата Влада е лидерот на партијата Зоран Заев, објави Frontline.mk!

–  Со оглед на истекот на уставните десет дена после конституирањето на Собранието, од страна на Претседателот на државата до Коалицијата Можеме беше побарано известување за предлог за кандидат за мандатор за состав на Владата на Република Македонија. Од страна на СДСМ и Kоалицијата “Можеме”, согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев, претседател на СДСМ, соопштија од СДСМ.

Мандатот за составување на Владата, претседателот Пендаровски ќе му го врачи на Заев утре во 12 часот во претседателската Вила Водно.
 
 Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата, соопшти претходно денеска кабинетот на претседателот на државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.