Според Централниот регистар, агенцијата "Код Секјурити Груп" ДОО Струмица е основана на 10 јули годинава а како нејзини основачи се низа осуденици и активни припадници на МВР

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 11:40

СДСМ формира “приватна војска” под оружје, со осуденици и вработени во МВР?

Фото/Текст извор: ©нетпрес.ком.мк

Припадници на Шестата управа во МВР и дел од обезбедувањето на премиерот Зоран Заев основале агенција за обезбедување, a како еден од основачите е и струмичанец осудуван за дузина кривични дела.

Веста ја дознава и пренесува порталот НетПрес.

Според Централниот регистар, агенцијата “Код Секјурити Груп” ДОО Струмица е основана на 10 јули годинава, а како основачи се јавуваат Александар Трајков, познат во јавноста како телохранителот на Заев кој го придружуваше и пред да стане премиер, потоа Николчо Колев и Стево Трајков, и двајцата исто така обезбедување на претседателот на СДСМ.

Александар Трајков алијас Салин, неофицијално повеќе не е вработен во МВР, а Колев и Стево Трајков се вработени во Шестата управа на МВР. “Код Секјурити Груп” Александар Трајков, освен по раскрварената глава во Собранието на 27 април, познат е на јавноста и по инцидентот во дискотека во Струмица кон крајот на 2016 година, кога претепа две лица.

За овој инцидент против него беше поднесена само прекршочна пријава.

Исто така, тој во декември 2008 година беше осуден на условна затворска казна од три месеци поради загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Неофицијалните информациите до кои дојде НетПрес велат дека, Колев наводно своевремено бил дел од кривична истрага на полицијата, за шверц на 2.5 килограми марихуана.

За управител, пак, на агенцијата “Код Секјурити Груп” наведен е извесен Александар Тумбов.

Освен овие три лица, како основачи на “Код Секјурити Груп” се јавуваат и Блаже Масалковски, син на поранешен пратеник од редовите на СДСМ, а сега член Регулаторната комисија за енергетика.

Особено интересен меѓу основачите е струмичанецот Лазо Котуровиќ, своевремено дел од личното обезбедување на Заев.

Тој во Струмица е познат под надимакот “Д’лгиот” и дури седум пати е осудуван за насилство, за нанесување тешки телесни повреди, за загрозување на безбедноста во сообраќајот, и за самоволно оддалечување и бегство од вооружени сили. Има и неколку кривични пријави за напад на службено лице, учество во тепачки и други кривични дела.

Во агенцијата наводно ангажиран е и Александар Николов, возач на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Не е јасно како вработени во полицијата, основале агенција за обезбедување, односно како МВР воопшто им издало дозвола на нив, бидејќи тоа е спротивно на Правилникот за работење на работите и дејностите што се во судир со полициските работи.

Имено, во член 2 од Правилникот стои дека полицискиот службеник не треба да ги врши следните работи и дејности, кои се во судир со полициските работи, што е потенцирано во алинеите 3, 5, 10 и 15 односно работи од областа на осигурувањето, работи од областа на обезбедувањето на лица и имот, дејности поврзани со ракување со оружје и експлозивни материи и работи и дејности кои можат да го нарушат угледот на Министерството за внатрешни работи.

Оттука се поставува прашањето дали министерот Оливер Спасовски, кој лично потпишува дозвола за работа на агенција за обезбедување, свесно го прекршил законот со тоа што “Код Секјурити Груп” добила потребни документи од МВР?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.