Ана Паула да Силва е вистинска атракција во политиката

Објавил: Узунов Бобан | 7 февруари, 2019 11:33

Секси политичарка во Парламент (видео)

Фото/Текст извор: ©магазин

Ана Паула да Силва е бразилска политичарка од Санта Катарина која се најде на мета на критики на социјалните мрежи бидејќи се појавила во парламентот во провокативен црвен комбинезон со длабоко деколте. Во интервју за тамошните медиуми, Ана Паула позната и како Паулина изјавила дека нема да го крие своето тело за да задоволи било кој и признала дека не очекувала толку коментари на оваа тема. 

На социјалните мрежи објави фотографија со опис дека е време за „работа, меѓутоа повеќето луѓе го забележија само деколтето. Во коментарите, еден маж напишал дека „очекува да ги покаже своите способности без соблекување’. Други пак, се запрашаа дали таа е „преставничка на проститутките“. 
Од Санта Катарина соопштиле дека нејзината облека била во склад со правилникот и дека немало повреда на пристојноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.