На пат од Копенхаген низ Германија се преврте автобус со 63 патници од кои 16 се полесно а шестмина потешко повредени

Објавил: Мартин Попоски | 17 август, 2018 14:49

Се преврте патнички автобус во Германија повредените пренесувани со хеликоптер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Автобус од непознати причини излета од пат во Германија а во несреќата има 16 повредени патници меѓу кои шестмина се со потешки повреди.

Повредените со хеликоптери биле пренесени во болница во германскиот град Росток во чија близина се случила несреќата.

Несреќата се случила утрово во 06:30 часот а во автобусот кој возел преку Копенхаген имало 63 патници и двајца возачи.

Во несреќата не учествувале други возила и за сега не е позната причината за превртувањето на автобусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.