Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со пазарџиите на Зелен пазар

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 март, 2019 16:45

Силјановска во посета на пазарџиите: Непромислените потези на владата ги предизвикаа овие луѓе да протестираат

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Гордана Силјановска Давкова која е кандидат за претседател  на од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со пазарџиите на Зелен пазар со кои разговараше за лошите услови кои ги чувствуваат на нивна кожа.

Силјановска на пазарџиите им кажа дека често пати пазари од пазарчето Буњаковец, кое е во близина на нејзиниот дом и дека е секогаш добредојдена од страна на пазарџиите кои знаат и да поразговараат со неа, а таа вели чест и е да одвои време да разговара со некој кој го познава долги години.

-Денес, сепак, бев на Зеленото пазарче. Убаво беше да се види дека и таму сум добредојдена, иако не ме гледаат секојдневно.

Таа вели дека маките на пазарџиите се исти, на кој и пазар да продаваат. Додава дека земјоделците и пазарџиите се вредни луѓе кои секојдневно стојат по цели денови на своите тезги и на студено и на топло време, за едвај да извадат за егзистенција. Последните потези на владата ги предизвикаа овие луѓе на протести. Тие се само една од групите во општеството кое се чувствуваат изневерени и ограбени вели Силјановска.

Таа потенцира дека Македонија, треба да биде еднаква и правична кон сите, а која ќе покажува посебна почит кон оние кои на потежок начин доаѓаат до приходи, со сопствен труд и пот, појасни Силјановска Давкова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.