Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседател поддржана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 април, 2019 18:52

Силјановска Давкова: Да не дозволиме најталентираните занаетчии да заминуваат од Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседател поддржана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска отиде во посета на Занаетчиската комора во Скопје. За Гордана занаетчиството е многу важно,бидејќи на некој начин тоа е симбол за една држава, и таа вели треба да се обидеме да ги зачуваме талентираните занаетчии во Македонија.

Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседател поддржана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во посета на Занаетчиската комора во Скопје

Гордана Силјановска Давкова изјави дека државата треба да ја спречи нелојалната конкуренција и да не дозволи најталентираните занаетчии да заминуваат.

-Загрижена сум дека Македонија нема симбол што ќе не претставува надвор. Занаетчиството е уметност, составен дел на образовните програми во светот во рамки на т.н. практична работа и ние треба да го промовираме од градинка до највисокиот степен на образование. Ако Македонија е мала земја таа може да биде препознатлива во светот по уметничките дострели во различни области, изјави Силјановска Давкова.

Кандидатката за претседател кажа дека успеала да исконтактира со претставници од Национален сојуз на слепи на Република Македонија и разговарале за нивните секојдневни пречки за нормално функционирање.

-Претседателот нема надлежности во овие сфери. Ако бидам претседателка ќе ги искористам обраќањата пред Собранието, како моќен инструмент за сензибилизирање на пратениците и на севкупната македонска јавност за проблемите во определени сфери и за категориите на сите граѓани чиј статус низ призма на еднаквоста, загарантирана во член 9 во Уставот, е проблематична, рече Силјановска Давкова.

Претседателот на Занаетчиската комора – Скопје Никола Петров информираше дека во занаетчиската комора никој не го засега политиката, но пред професорката тој ги истакна своите достигнувања, односно достигнувањата на членовите на Занаетчиската комора и ги сподели проблемите со кои се соочуваат со цел да ги нотира и ако стане претседател на државата да им помогне, во рамки на нејзините овластувања.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.