Бизнисменот Силјан Мицевски од Битола денеска сведочеше во случајот „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење пари, и на прашања од обвинителката Ленче Ристоска опиша како бил рекетиран од првите луѓе на тогашната владејачка партија откако ќе добиел тендер!

Објавил: Владо Марин | 9 септември, 2020 20:29

Силјан Мицевски му дал 10 000 евра на Груевски и платил 70 000 за МЗТ, Груевски демантираше на фејсбук

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил го демантираше денешниот исказ на бизнисменот и поранешен градоначалник на Битола, Силјан Мицевски дека му дал десет илјади евра на рака!

Бизнисменот Силјан Мицевски од Битола денеска сведочеше во случајот „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење пари, и на прашања од обвинителката Ленче Ристоска опиша како бил рекетиран од првите луѓе на тогашната владејачка партија откако ќе добиел тендер, пренесе СДК.мк.

На прашање дали некогаш донирал во ВМРО-ДПМНЕ, тој одговори:

„Да, лично сум однел 10.000 евра кај премиерот Никола Груевски. Одамна беше тоа. За ВМРО-ДПМНЕ и индиректно сме донирале, за избори. Сме дале и на кошаркарскиот клуб МЗТ околу 70.000 евра. Требаше да платат некоја котизација за да не ги избришат од лигата и јас платив. Плативме не по наша иницијатива, туку по барање на одредени луѓе од партијата“, јавува СДК.мк.

Веднаш потоа се огласи и екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски!

Во врска со натписите и објавите на неколку медиуми во Македонија кои се однесуваат на денешното сведочење на бизнисменот, поранешен градоначалник на Битола и поранешен висок функционер на СДСМ-Силјан Мицевски во предметот под работен наслов Талир 1, укажувам за злонамерите на дел од медиумите и истите ги демантирам во целост како невестини, вели Груевски.

При денешниот исказ на двата сведока, обајцата не ги потврдиле наводите во обвинението против обвинетите па оттука веројатно и потребата на некои партиски определени медиуми да престават поинаква слика на нивното сведочење пред јавноста, особено за Силјан Мицевски.

Никогаш додека бев премиер не сум имал средба или телефонски разговор со Силјан Мицевски ниту некогаш сум му сугерирал нешто или некого да финансира, и никогаш не сум му побарал ниту сум добил било што од него, напиша Груевски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.