Владиката препорача свештениците кои имаат какви било симптоми како треска, кашлање, болки во грлото, омалаксаност, кивање, останување без здив и слично, да не доаѓаат на богослужба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 март, 2020 17:37

СОВЕТИ ОД ВЛАДИКАТА ДИМИТРИЈА ЗА ВРЕМЕ НА КОРОНА: Не ги бакнувајте иконите, болните можат да се причестат и дома!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владиката Димитрије ги повика верниците од захумско- херцеговинската  епархија да не присуствуваат на богослужби поради ширење на вирусот корона ако се хронични болни или имаат симптоми на настинка и грип.Тој рече дека доколку сакаат да добијат Света Причест можат да се јават кај свештеникот кој ќе ги причести во нивниот дом.

Владиката препорача свештениците кои имаат какви било симптоми како треска, кашлање, болки во грлото, омалаксаност, кивање, останување без здив и слично, да не доаѓаат на богослужба.

Тој, исто така, ги советува свештениците да ги благословуваат верниците вербално и да ги благословуваат со крстен знак без физички контакт.

На верниците им препорачува да не ја бакнуваат раката на свештеникот и да го минимизираат физичкиот контакт со другите верници.

Владиката препорача свештениците кои имаат какви било симптоми како треска, кашлање, болки во грлото, омалаксаност, кивање, останување без здив и слично, да не доаѓаат на богослужба.

Тој препорачува верниците да не покажуваат почит кон светите икони со бакнување на истите, туку со мал поклон пред нив.

По завршувањето на Светата литургија, верниците треба да ја земат нафората од рацете на свештеникот без да ја бакнат неговата рака.

Владиката апелира до верниците и да ги почитуваат упатствата на Светската здравствена организација, надлежните медицински институции и нивните матични лекари.

Тој рече дека како одговорни луѓе треба да веруваме во Христа, со грижа и љубов кон нашите сограѓани, особено на оние кои се најранливи на здравствените проблеми што ги предизвикува овој вирус, но и на оние кои се најмногу изложени на ризик од заразување со вирусот.

„Она што треба да нè мотивира да бидеме претпазливи не е грижа само за сопствениот живот што ни го дал Бог, туку и одговорност за благосостојбата на нашите сограѓани“, рече епископот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...