Невремето најмногу се почуствувало на територија на Нов Белград каде предизвикана е и материјална штета на возилата

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 8:12

Сообраќаен колапс по страшното невреме што го зафати Белград

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Невремето што вчера вечер го зафати Белград предизвика хаос на улиците.

Поплавени се повеќе улици во градот а сообраќајот е во колапс. Најпогодено место е Баново брдо и Нов Белрад воопшто каде реки се слеваат по улиците.

Како што пренесуваат тамошните медиуми сообраќајот на некои места е неозможен поради големите количества на вода а возилата буквално пливаат по улиците.

На неколку места откорнати се и дрвја и уништени повеќе автомбили.

поплавите од невремето носеа и луѓе по улиците

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.