И додека СЈО тврди дека Груевски едвај преживувал од први до први со пратеничката плата, власта со ново откритие, Груевски пребегал од Албанија, со авион од Тирана до Будимпешта

Објавил: Мартин Попоски | 15 ноември, 2018 10:23

Според СЈО, Груевски е “жива” сиромаштија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерството за пропаганда со нова рута за бегството на Никола Груевски, според која тој пребегал преку Албанија од каде со авион заминал во Унгарија.

Секако во информацијата која се лиферува, не е изоставено да се напомене како тоа Груевски избрал да пребега од Албанија, поточно од Тирана ако се знае дека бил остар противник на Тиранската платформа.

Политичките аналитичари на ваквиот обид за дефокусирање од актуелните проблеми во државата го коментираат со потсмев, дека како трнало, на крај сепак ќе се признае дека Заев и Спасовски лично се погрижиле Груевски безбедно да стигне кај Виктор Орбан.

Од друга страна, Јанева се пожали дека декадниот “режимски диктатот” на сметка нема скршен денар. 

Имено од СЈО соопштија дека побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски не располага со пари и со имот на свое име, а празни му се и банкарските сметки кои би можеле да бидат замрзнати поради неговото бегство во Унгарија.

Сепак, тој добива плата како пратеник во Собранието, иако од вчера му беше намалена поради неоправдано отсуство на собраниските седници.

Додека беше на власт „сиромашниот“ премиер, се претпоставува дека тој и неговите соработници одлеале од државава милионски суми на девизи.

Груевски во Унгарија првата ноќ по доаѓањето отседна во луксузниот хотел „Коринтија“ во центарот на градот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.