Најголемата опозициска партија преку соопштение оценува дека судството работи под директен диктат на премиерот Зоран Заев

Објавил: Перо Милчин | 10 ноември, 2018 10:13

Судските одлуки под директна наредба на власта

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Преку соопштение утринава се јави опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ, која оценува дека експремиерот Никола Груевски е жртва на политички прогон и хајка која што, како што велат,  однародената и криминална власт ја води против него преку партиското и клиентелистичко судство и обвинителството.

„Поранешниот премиер Груевски не сторил никакво дело. Аболицираниот Заев го клеветеше дека наводно крадел милијарди, а неговото „Кацарска судство“  го осуди затоа што неколку пати влегол во службено возило, кое се уште го користи криминалната власт. Кривичниот совет уште еднаш потврди дека судството во Република Македонија е партизирано и служи за политички прогон на сите кои му се спртиставуваат на Зоран Заев во антидржавите политики. Демократијата и демократските процеси во земјава се мисловна именка“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Со ваквите гонења се отвора слободен терен на Зоран Заев за продажба на државните и националните интереси. Додека институциите работат во служба на Заев и заштита на неговиот криминал, Република Македонија се повеќе тоне, граѓаните осиромашуваат, а судството е партизирано и не важат докази и аргументи, се додава во соопштението на опозиционата партија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.