Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возрасните групи од 10 до 19 години, односно 33,1 отсто.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 март, 2021 8:08

Сè повеќе заразени малолетници меѓу позитивните на КОВИД-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, за периодот од 15 до 21 март, објавен вчера покажа дека бројот на новозаразени, починати и оздравени е зголемен во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.899 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 26,4 отсто во однос на минатата недела, соопшти вчера Министерството за здравство. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија).

Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возрасните групи од 10 до 19 години, односно 33,1 отсто.

Процентот на позитивност се движи од 23,4 отсто до 32,3 отсто, просечно 27,9 отсто, што е за три отсто повеќе во споредба со минатата недела.

Зголемен е и бројот на починати во однос неделата претходно. Пријавени се 158 смртни случаи од 27 градови, што е 22,5 отсто повеќе во однос на минатата недела.

Со статус „оздравени“ се стекнале 3.343 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 22,1 отсто во споредба со минатата недела.

Висок процент на нови случаи на Ковид-19 покажа и вчерашната статистика. Од 3.728 тестирања, регистрирани се 1056 новозаразени, што е 28 отсто од тестираните. Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 – 87 година, а оздравени 727  пациенти. Сите пријавени се починати во болнички услови и со коморбидитети, информираа од Министерството за здравство.

Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возрасните групи од 10 до 19 години, односно 33,1 отсто.

Досега во земјата се направени вкупно 595.686 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, бројката на оздравени пациенти е 102.201, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153. Најмногу активни има во Скопје – 7728, Прилеп – 920, Кавадарци – 648, Охрид – 588, Куманово – 553, Тетово – 458, Велес – 485, Битола – 472, Неготино – 427. Во другите градови има помалку од 400.

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1392 пациенти со Ковид-19. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите, од кои 70 слободни места во Скопје.

Во ковид – центрите во главниот град хоспитализирани се вкупно 569 лица. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка. Во ковид – центрите во болниците во другите градови, пак, пријавено е дека се лекуваат вкупно 823 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во ковид центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваат 277 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 117 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 82 пациенти, во Куманово 124, во Охрид 94, во Прилеп 117, Кавадарци 65. Во болницата во Гевгелија, каде се лекуваат 25 ковид-пациенти, се пожалија дека повеќе немаат слободни места. Во тој град десетина вработени во градинките се инфицирале со коронавирусот. И покрај големиот број на заразени вработени, од градинката велат дека воспитниот процес се одвива без никаков застој.

Во меѓувреме, продолжува вакцинирањето на здравствените работници. Заклучно со 22 март вкупно се вакцинирани 6.704 здравствени работници со прва доза (4.002 – „Фајзер“ и 2.702 – „Спутник В“ и 2.572 („Фајзер“) со втора доза на вакцина против Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера потенцираше дека платите на оние кои го понесоа најголемиот товар од пандемијата, постојано растат.

-Кумулативно, заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти. На општите лекари за 25 отсто, а на здравствени соработници за 15 проценти, напиша Филипче.

Во однос на полицискиот час, кој беше воведен за да се спречи ширењето на коронавирусот вчера МВР регистрира 13 прекршувања на забраната за движење и изрече 365 санкции за неносење маска.

Во светот досега се заразија над 124 милиони лица, починаа повеќе од 2,7 милиони, а како оздравени регистрирани се 100 милиони пациенти.

Европската комесарка за здравство Стела Кириакидес вчера ги повика сите земји кои произведуваат вакцини против Ковид-19 да придонесат за глобалната понуда и да го олеснат доброто функционирање на синџирите на снабдување.

– Ги повикуваме компаниите вклучени во синџирот за производство на вакцини да ги ослободат сите резерви и да ги почитуваат договорите, изјави Киријакидес на состанокот на Светската здравствена организација (СЗО) во Женева.

Потпретседателот на Европската комисија Марош Шефовиќ вчера изјави дека со договорите за вакцини со фармацевтските компании може да се очекува да се постигне целта да биде вакцинирано 70 отсто од ЕУ населението до крајот на летото и покрај проблемите со Астра Зенека.

Потпретседателот на Комисијата порача дека сега е време да се забрза испорака на договорените вакцини, и дека Астра Зенека и натаму не ги исполнува своите ветувања зацртани во договорите.

Сепак со дозите што треба да пристигнат од Модерна, Џонсон и Џонсон и Фајзер до крајот на вториот квартал, Европската Комисија е оптимист дека ќе се постигне целта на вакцинација на 70 отсто од возрасното население во ЕУ до крајот на летото. /МИА/.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...