петок, 3 мај 2024

MK/ EN/ DE



Како што наведуваат во соопштението, во програмата на „Танец“ за оваа година е предвиден хуманитарен концерт, за кој се планира донација од приближно 300.000 денари, но истата и ќе се удвои, со тоа што Националната установа ќе посвети уште еден од своите големи концерти во Националната опера и балет, а вкупната сума од приближно 600.000 денари ќе ја адресираат на најпогодените семејства.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 април, 2020 23:14

„Танец“ повторно ја докажува хуманоста: Средствата од продадените билети ќе ги намени за најпогодените од коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото денешен.мк

НУ „Танец“ годинава ќе одржи голем хуманитарен концерт, а донацијата ќе ја адресираат на најпогодените семејства од епидемијата, соопштија вечерва од оваа Национална установа.


Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.
Веќе шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец.
Националната установа за народни игри и песни ансамбл “Танец” е официјано формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада.

Како што наведуваат во соопштението, во програмата на „Танец“ за оваа година е предвиден хуманитарен концерт, за кој се планира донација од приближно 300.000 денари, но истата и ќе се удвои, со тоа што Националната установа ќе посвети уште еден од своите големи концерти во Националната опера и балет, а вкупната сума од приближно 600.000 денари ќе ја адресираат на најпогодените семејства.

-Сѐ уште не може да се предвиди точниот датум но „Танец“ како познат колектив со долга хуманитарна историја, со сигурност знае дека дел од своите активности ќе ги насочи во помош на најпогодените. Оваа година, заради новонастанатата состојба со пандемијата ќе ги пролонгираме сите концертни настапи, сѐ до конечното справување на државата со вирусот, наведуваат во соопштение.

„Танец“ поради состојбата со коронавирусот од 21 март, на својот јутјуб канал почна со ексклузивно еднонеделно емитување на сите снимени концерти од минатогодишната јубилејна сезона, која што се одвиваше под мотото „Остани во чекор“. Серијата концерти одржани во 2019 година, во знакот на 70-годишнината од основањето на ансамблот, беа снимени во рамките на посебен проект, кој НУ „Танец“ лани го стартуваше како дел од новата стратегија за заштита на културното и нематеријалното богатство. (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.