Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска отпатува за Вашингтон, јавија приштинските медиуми.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 октомври, 2020 11:45

ТАЧИ ВО ТАЈНОСТ ОТПАТУВА ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Тачи отпатува во САД три месеци откако се откажа од патувањето на состанок во Бела куќа.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска отпатува за Вашингтон, јавија приштинските медиуми.

Коха пренесува дека веста ја потврдил политичкиот советник на Тачи, Ардијан Арифај, без да прецизира која е причината за заминувањето.

Тачи отпатува во САД три месеци откако го откажа патувањето на состанок во Белата куќа затоа што Специјалниот суд го објави обвинението против него.

Неодамна специјалното меѓународно обвинителство во Хах, покрена обвинение против косовскиот претседател Хашим Тачи за воени злосторство.

„Тачи и уште деветмина се криминално одговорни за речиси 100 убиства“, објавија од канцеларијата на Специјалното обвинителство (СПО).

Од обвинителството открија дека освен Тачи, меѓу нив е и Кадри Весели, поранешен претседател на Собранието на Косово и лидер на Демократска партија.

Обвинувањата, кои се однесуваат на војната за независност на Косово во 1998-1999 година, треба да бидат потврдени од Специјалниот суд за Косово во Хаг, пред да станат и формални. Тачи ги негираше сите обвинувања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Објавени се снимки на кои, според тврдењата на Приштина, се гледаат почетните напади, кога е и убиен припадникот на косовската полиција.

Свеља кажа дека снимките биле најдени во еден од дроновите запленети во Бањска, кој, како што кажа, „бил во рацете на терористите“.

Косовската полиција објави две снимки тврдејќи дека на нив се гледа почетокот на судирот меѓу групата Срби и косовската полиција.



„Видеото ги прикажува првите напади на терористичката група на косовската полиција. Нападите, како што се гледа, се извршени со различно оружје, почнувајќи од зоља и друго тешко вооружување“, тврди косовскиот министер.



Полицијата на Косово објави и фотографии од запленето оружје за кое тврдат дека е произведено во Србија, а дека дел од оружјето и муницијата се произведени во последните години.

Претходно премиерот на Косово Аљбин Курти објави снимки кои, како што тврди, покажуваат дека оружената група од Бањска за нападот се спремала на воен полигон во Србија.

Косовската полиција објави снимки од почетокот на нападот во Бањска (ВИДЕО)

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, продолжи да објавува снимки...

Кандидатурата на Косово доби поддршка и од Албанија, каде што ќе се одржат дел од настаните. Позитивна оценка за кандидатурата даде и комисија на МКМИ, која престојуваше во Косово пред една недела.

Косово ја доби организацијата на Медитеранските игри 2030

Генералното собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), што се...

Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

ЕУЛЕКС: Вознемирени сме од присуството на вооружени и маскирани лица и групи на север од Косово

Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите...