На тоа Тачи вели дека всушност неговата изјава била извртена, односно суштината на неговата изјава била дека всушност Али Ахмети кој важи за политичар кој е подготвен на тенции, би можел да предизвика и војна доколку во Собранието нема Албански пратеници.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јули, 2020 18:10

Тачи: Погрешно сум интерпретиран, не реков дека ќе има војна доколку нема Албанци во новата Влада

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју на „Слободен печат“, лидерот на ДПА, Мендух Тачи,  ја објаснува изјавата дека ако во новата влада нема Албанци можно е да има војна .

Во емисијата „Изборни дебати“ лидерот на ДПА, Мендух Тачи го обвини лидерот на ДУИ дека речиси 18 години не направил ништо за албанскиот народ во Македонија.Тачи се осврна и на прашањето дали би можело да се формира Влада без Албанците, на што посочи дека без Албанците може да има само војна.
„Али Ахмети вели дека се партија за интеграција а 20 години наназад е националистичка партија, прав манипулатор кој провоцира одредена ситуација, посочи Тачи и додаде дека нема Влада без Албанците, војна може да има“ рече тој.

На тоа Тачи вели дека всушност неговата изјава била извртена, односно суштината на неговата изјава била дека всушност Али Ахмети кој важи за политичар кој е подготвен на тенции, би можел да предизвика и војна доколку во Собранието нема Албански пратеници.

„Интерпретацијата е погрешна. Не сум рекол така. Реков оти во барањето на Ахмети за премиер Албанец, дека во поттекстот на тоа политичко барање има директна закана, затоа што тој е свесен дека тој ќе биде опозиција. Последната алка му е национализмот и сака да ја прави тензијата дека ако тој не биде во влада ќе има дестабилизација и може да се случи сценариото од 2001 година. Мојот одговор и до граѓаните беше – почитувани граѓани, немојте воопшто да се вознемирувате, јас сум кандидат за заменик-премиер, ако седнам на тоа место, ви гарантирам дека Ахмети и ДУИ ќе го почитуваат гласот на граѓанинот и ќе бидат мирни како кокошки. Таквата реторика веќе е завршена. Нема такви проекти. Само за ненормални или уплашени луѓе може да има такви изјави. Ние да не заборавиме дека сме членка на НАТО, на сите зовриени глави на одредени радикални структури на Албанците веќе им е јасно дека таквите сонови не постојат“,вели Тачи.

Тачи додаде дека верува оти Македонците немаат никакви фрустрации дека Албанците имаат резервни планови кон Македонија.

Посочи дека сака да биде запаметен преку мирољубива политика, и се наврати на политичката битка со Киро Глигоров и Бранко Црвенковски.

„Животот и искуството политичко ќе ве научи да расчистите со предрасуди. Јас сум имал директни политички конкуренти со кои сум се ‘тепал’ со децении. Почнувајќи од Глигоров до Црвенковски. Сега од оваа политичка дистанца многу ги ценам двајцата и сакам и мене така да ме ценат. Во мојата кариера имав многу јаки политички изјави, можеби другите ги толкуваа како непромислени, но успеав по таа заслуга да одржувам мир, или сите можни конфликти да ги менаџираме со многу мали последици. Мислам дека политичките партии на Македонците му даваат значење на Ахмети и ви се молам да не се занимавате со таа глупава идеја, тој се бори за својата лична кожа. Најмногу нѐ потценува нас Албанците кога вели премиер Албанец, тоа е биолошка категорија. Таква категоризација е како во 15 век“, рече Тачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.