Судењето започна со едноминутно молчење во чест на загинатите во нападот во кумановската населба Диво Насеље.

Објавил: Весна Петровска | 16 мај, 2019 11:59

Тензично судењето за Диво Насеље: Кумановската група направи скандал – ова е Албанија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Апелацискиот суд Скопје денеска и утре ќе ги разгледува жалбите на триесет и тројцата осудени лица за терористичкиот акт во кумановското Диво Насеље што се случи пред четири години.

Судењето започна со едноминутно молчење во чест на загинатите во нападот во кумановската населба Диво Насеље.

Според порталот Лајм судењето било тензично што дури не и било дозволено на судиката да зборува на македонски јазик.

– Кумановската Група му се обрати на македонската судијка: Зборувајте албански, тука е Албанија, вие “избеглици”, сте дојдени овде, рече Вал Зекај од Кумановската група, не дозволувајќи и на судијката да зборува.

Него го поддржаа и другите членови на Групата. Тие добија овластување на адвокатите и ја напуштија седницата.

За потсетување, Со првостепената пресуда донесена во 2017 година седуммина добија доживотен затвор, 13 беа осудени на по 40 години, шестмина на 20 година, еден на 18, двајца добија по 14, други двајца по 13, а уште двајца беа осудени на по 12 години затвор. Четворица добија ослободителни пресуди. Обвинителството тогаш бараше доживотен затвор за сите.

Во вооружената престрелка на 9 и 10 мај беа убиени осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а беа повредени 37 други полицајци во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба. На страната на терористите на самото место беа пронајдени 10 мртви тела во униформи. По извршената обдукција, беше потврдено дека се убиени девет косовски и еден македонски државјанин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.