Заев станува проблем на целото општество и мора да замине, но ако СДСМ го добие Скопје, Заев тоа ќе го претстави како негова лична победа добиена со пазарења на штета на сите!

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 октомври, 2021 12:46

Тортевски: СДСМ може да се реформира само ако се тргне Заев

Фото/Текст извор: ©магазин

Настапите на лидерот на СДСМ Зоран Заев, во кои го плаши „граѓанството“ со ВМРО-ДПМНЕ небаре е бабарога, за адвокатот Александар Тортевски излегуваат од кругот на партиско делување и стануваат опасност за целата држава.

-Сакам СДСМ да си одат, а не сакам да се врати ВМРО.

Заев станува проблем на целото општество и мора да замине, но ако СДСМ го добие Скопје, Заев тоа ќе го претстави како негова лична победа добиена со пазарења на штета на сите.

СДСМ може да се реформира само ако се тргне Заев, анализира на Твитер,  Тортевски, еден од десетте кандидати за градоначалници на Скопје, кој не влезе во вториот круг.

Адвокатот Александар Тортевски во јавниот живот на Македонија е присутен веќе 30 години. Секогаш е отворен соговорник на темите за правосудството и на нашето општествено-политичко живеење!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.