Утринава е пронајдено безживотното тело на 18-годишното момче, а на местото каде што е пронајдено увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи.

Објавил: admin@magazin | 23 март, 2019 12:51

ТРАГЕДИЈА: Извлечено тело на 18 годишно момче од Вардар

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што дознава Гостивар прес.мк утринава околу 10 часот од водите на Вардар, на потегот меѓу гостиварските села Форино и Чегране, пронајдено е и извлечено телото на машкото лице кое беше пријавено вчера попладне.

Утринава е пронајдено безживотното тело на 18-годишното момче, а на местото каде што е пронајдено увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи.

Овој случај беше пријавен вчера околу 16 часот од некој жител на гостиварското село Турчане, бидејќи забележал машки труп блиску до селото, а се обидел да го извлече сам, но не успеал.

Тој во истиот момент повикал полицијата и пожарникари. Телото е предадено на обдукција и се чека да се утврди идентитетот и дали врз момчето имало некакви траги на насилство.

Припадници на полицијата и пожарникари до доцна синоќа го пребарувале коритото во обид да го лоцираат телото, но за жал утринава околу 10 часот беше пронајдено без никакви знаци на живот.

За жал ова не е прва трагедија на ваков начин. Претходната година момче од Куманово беше пронајдено мртво во Охридското езеро, откако заедно со друга група на момчиња се возеле на педалинка, а тргнале од плажата Магнус.

Момчето паднало од педалинката и се удавило. Неодамна и повеќе тела беа извлечени од реката Вардар. Исто така женско лице го загуби животот откако паднала во Вардар во Гостивар.

Според првичните информации , телото на жената било извлечено од речното корито во близина на мост до кланицата. Жената била пренесена во гостиварската болница каде извршена реанимација, но обидите на лекарите биле без успех.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...